Селекцијата на Србија го освои првиот бод во квалификациите за Европското првенство 2020 година ремизирајќи 1-1 на гостински терен против актуелниот континентален првак репрезентацијата на Португалија

„Орлите“ поведоа во раната фаза од мечот преку Душан Тадиќ, кој успешно го реализираше ударот од белата точка. После половина час игра следуваше нов шок за домаќините, кои, останаа без Кристијано Роналдо. Асот на Јувентус се повреди и ја напушти играта.

„Европските бразилци“, сепак, покажаа карактер и до крајот на полувреме го изедачија резултатот. Данило Переира со мошне прецизен удар од далечина го матираше Марко Дмитровиќ кој иако се испружи колку што е долг не можеше да интервенира.

Второто полувреме помина во знакот на португалците, но домашните фудбалери не најдоа начин, а не беа ниту прецизни да постигнат втор погодок и да се доближат до победата.

Светскиот шампион Франција и селекцијата на Англија во втората рунда од квалификациите продолжија каде што застанаа во првата. „Триколорите“ со 4-0 го преслушаа составот на Исланд, додека „гордиот албион“ му одржаа час модерен фудбал на Црна Гора во Подгорица. Англичаните победија со 5-1 и го задржаа максималниот ефект.

Резултати:

Група А: Косово – Бугарија 1-1, Црна Гора – Англија 1-5

Табела: Англија 6, Бугарија 2, Косово 1, Црна Гора 1, Чешка 0

 

Група Б: Португалија – Србија 1-1, Луксембург – Украина 1-2

Табела: Украин 4, Луксембург 3, Португалија 2, Србија 1, Литванија 0

 

Група Х: Турција – Молдавија 4-0, Андора – Албанија 0-3, Франција – Исланд 4-0

Табела: Франција 6, Турција 6, Албанија 3, Исланд 3, Андора 0, Молдавија 0

OhridNews