Вториот меч од плеј-аут лигата, кошаркарите на АВ Охрид ќе го одиграат против битолски Пелистер, денеска, со почеток во 16 часот.

„Галебите“, имаат успешен почеток на натпреварите во плеј-аут лигата победувајќи го тимот на Шкупи во гости. Дуелите помеѓу охридскиот и битолскиот клуб секогаш изобилуваат со неизвесност и драма, а сличен меч се очекува и денеска.

Мечот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ги отвори кошаркарските возбудувања после турбелетната недела со која се соочи мак-баскетот.

OhridNews