Во Македонија денеска се одржуваат шестите претседателски избори. На 3480 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 1.808.131 граѓанин, запишани во избирачкиот список. Во трка за претседател се тројца кандидати.

Истовремено во Охрид се одржуваат предвремени избори за градоначалник поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски. Се избира помеѓу пет кандидати.

Сите 88 избирачки места во општина Охрид се отворени на време, гласањето се одвива непречено и без проблеми. На единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради запишаните гласачи во дијаспората. – изјави Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија.

Во Охрид вчера своето право на глас го искористиле 121 болно лице, едно лице во куќен притвор, 19 затвореници гласале за претседател на државата, а 7 за градоначалник, информира претседателот на Општинската изборна комисија Камнароски.

OhridNews