Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос, пред натпреварот со Кравари, беше крунисан во шампион во Третата македонска фудбалска лига југо-запад и промовиран во нов член на Втората МФЛ.

Титулата на охридскиот состав за успешната сезона му ја предаде секретарот на Третата МФЛ, Јовче Попоски кој на клубот му посака успеси и среќа во новиот предизвик. Клубот, пак, успехот му го посвети на покојниот градоначалник Јован Стојаноски, кој беше душата и срцето на екипата.

Градот Охрид, преставник во Втората МФЛ добива после седум години пауза. Последни екипа која се натпреваруваше во второлигашкото беше ФК Охрид Лоте

OhridNews