Компанијата „Google“ ја прекинува соработката со кинескиот производител на мобилни телефони „Huawei“, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на извори од компанијата, пренесува порталот „index.hr“.

Ова е втор голем удар во најава за кинескиот гигант, кој деновиве беше на удар на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според првичните неофицијални информации, „Huawei“ ќе го загуби пристапот за надградување на мобилните телефони кои користат Андроид. Исто така компанијата ќе нема пристап и до сервисите Google play store, Gmail и други апликации. „Huawei“ ќе може да ги користи само јавно достапните верзии на Андроид.

Деталите за прекинот на соработката, што може да се одрази на милиони корисници, се’ уште се договараат во „Google“, додека од „Huawei“ засега не се коментира случајот.

OhridNews