На седницата на Сенатот на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, одржана на 17 мај, за декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е потврден изборот на проф. д-р Цветко Андреески. Ова е втор мандат на деканот Андреески.

Според новиот Закон за високо образование, мандатот на деканот трае три години. Новиот мандат на деканот започнува на 1 октомври во академската 2019/2020 година.

OhridNews