Со голема роденденска забава што се одржа синоќа во клубот „Кадмо“, младиот музички состав „Броз“ одбележа една година на сцената. Оригинални, уникатни и непосредни, момците од „Броз“ за краток период ги освоија симпатиите на публиката. Таа и синоќа уживаше во роденденскиот настап на „Броз“ и заедно со бендот ги пееше популарните рефрени од најголемите хитови од земјава и регионот.

Бендот „Броз“ го сочинуваат: Владимир Сарафилоски – вокал, Климент Наневски – гитара, Христијан Томевски – гитара, Бојан Лушкоски – саксофон и Александар Труфуноски – кахон.

По роденденската забава тие ќе се фокусираат на нивната вторна авторска песна, која треба да излезе ова лето.

OhridNews
фото: Анамарија Момироска

Видео: Oхридската музичка атракција „Броз“ слави една година постоење