Tехнологијатa со молекуларна прецизност и маргина на грешка нула, потврдена со софистицирани мерења изведени со најчувствителна апаратура во лабораториите на НАСА, Пентагон и Боинг, сега е во функција на оралното здравје и кај нас, благодарение на израелско – американскиот технолошки гигант за производство на импланти „Ditron Dental“ и Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски“. „Ditron Dental“ е меѓу најголемите фабрики во Израел и САД. Таа изработува софистицирана опрема за армијата на САД, НАСА, Боинг, Ферари… а врвната технологија ја применува и во изработката на супер прецизни импланти, кои сега се достапни и кај нас во Првата клиника за импланти во поширокото опкружување со „Дитрон“ сертификат „Д-р Баткоски“. За благодетите  и предностите на новата технологија во функција на оралното здравје разговараме со Д-р Небојша Баткоски – генерален менаџер на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

ON: Што се тоа Дитрон импланти, зошто тие се поразлични од конкуренцијата?

Д-р Баткоски: Дитрон имплантите се америкaнско-израелски бренд на високо-софистициран уникатен и иновативен имплантен систем, а неговата различност се состои во молекуларната прецизност која ја поседуваат.

ON: Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е прва здравствена установа во опкружувањето со „Дитрон“ сертификат. Што значи тоа. Какви услови требаше да се исполнат за да се оствари тоа?

Д-р Баткоски: Да. Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски е првиот сертифициран и лиценциран центар за импланти кој од неодамна може да се пофали и со соработката со Дитрон Интернационал. За таа цел нашиот центар е побогат за уште една современа орално хируршка и имплантолошка сала која ги задоволува светските стандарди за ергономичност, функционалност и стерилност и соодветен кадар кој е обучен за работа со Дитрон имплантите.

ON: Кој се може да биде кандидат за Дитрон импланти?

Д-р Баткоски: Во денешно време скоро секој може да биде кандидат за имплант освен одредени заболувања како неконтролиран дијабет или кардиоваскуларни заболувања за кои е потребно консултација со соодветниот доктор.

ON: Што добиваат пациентите доколку се одлучат за Дитрон импланти?

Д-р Баткоски: Пациентите доколку се одлучат за дитрон импланти пред се добиваат исклучително квалитени импланти признати низ цел свет, сертифициран имплант пасош како и доживотна гаранција за квалитетот на имплантот.

ON: Реконструкција на заби што е можно поблиску до природните. Можно ли е тоа?

Д-р Баткоски: Да секако дека е можно. Живееме во ера на постојан развој на технологојата па така и ние заедно со нашите соработници се стремиме кон совршенство, а секогаш тоа што е поблиску до природното секако дека е поблиску и до совршено.

ON: Колку трае и како се одвива постапката за импалнирање на Дитрон имплантите?

Д-р Баткоски: Самата постапка е релативно едноставна. По претходно направен SBST skan анализа за дебелина и должина на имплантот однапред се знаат и местоположбата и големината и затоа целата процедура е околу 45 минути.

ON: Како и каде заинтересираните пациенти можат да добијат повеќе информации за Дитрон имплантите или да закажат преглед?

Д-р Баткоски: Заинтересираните пациенти може да се информираат во нашиот стоматолошки центар каде ќе им биде извршен бесплатен преглед.

ON: Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е лидер во денталниот туризам кај нас. Примената на новите технологии како Дитрон имплантите сигурно се додадена вредност и квалитет плус на услугите кои странските туристи можат да ги користат тука. Како тие гледат на стоматолошките услуги кои ги добиваат тука?

Д-р Баткоски: Веќе неколку години Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски остварува соработки со реномирани институции како Kings medical и Ditron Internacional и секако работи континуирано и на усовршување на својот кадар за што подобри резултати. Секако сето тоа е наградено од се поголемиот број на туристи кои наменски доаѓаат во нашиот град и ни ја доверуваат грижата за своето орално здравје.

ON: Освен за имплантирање на „Дитрон“ импланти, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е сертифициран и за обука на други доктори со и без знаење за примена на оваа врвна стоматолошка техника?

Д-р Баткоски: Да, стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, односно спец. д-р. Небојша Баткоски и спец. д-р. Билјана Пецакова се сертифицирани со меѓународни Дитрон сертификати за обука на доктори почетници како и за доктори со претзнаења од областа на имплантологијата.

ON: Во кој правец ќе се развива стоматологијата во иднина. Колку земјите како Македонија можат да ја следат современата технологија?

Д-р Баткоски: Јас како човек кој секогаш се стреми кон новини, примена на нови технологии, нови методи, мислам дека можеме рамо до рамо да се носиме со трендовите кои се наметнуваат во модерната стоматологија и сметам дека модерната стоматологија веќе е секојдневие во нашиот центар.

OhridNews