Со трансферо до Ајакс во Јувентус заврши трансфер сагата околу Матијас де Лихт. 19-годишниот холандски репрезентативец за сума од 75 милиони го засили италијанскиот шампион. Де Лихт имаше официјална промоција сликајќи се со дресот на Јувентус. Холанаѓецот ќе го носи бројот 4 на дресот.

На промоцијата Де Лихт изјави дека повикот на Роналдо после финалето во Лигата на Нации не бил пресуден да го избере Јувентус за нов клуб, но бил почестен од потегот на Португалецот.

  • Ова е голем чекор за мене. Прв пат како 19-годишен фудбалер ќе играм надвор од мојата земја. Почестен сум од навивачите кои ми приредија фантастично добре дојде од авионот до клупските простории и потоа на медицинските прегледи. После финалето во Лигата на Нации одлучив да му се приклучам на Јувентус. Повикот на Роналдо не беше пресуден, но беше голема честа да те покани фудбалер каков што е Португалецот. – изјави Де Лихт.

Де Лихт за сега е најголемото засилување за новиот тренер Маурицио Сари кој го наследи Масимилијано Алегри на клупата од „бјанконерите“.

  • Разговарав со Сари преку телефон пред официјално да потпишам. Тој беше една од причините поради која дојдов во Торино. За него слушав само добри работи. Ми се допаѓа неговата фудбалска филозофија и начинон на кој подготвува одбраната и воопшто играта на екипата. – додаде Де Лихт.

Тој откри дека идол од детството му е некогашниот играч на Јувентус, Фабио Канаваро кој долги години беше столб во одбраната на „старата дама“ и италијанската селекција.

OhridNews