Новиот фудбалски второлигаш Охрид го совлада искусниот и квалитетен тим на Беласица во 1/16 финалето од купот на Македонија.

Попладнево на Билјанини извори, во неизвесен натпревср  во кој борбеноста и желбата беа пред квалитетот Охрид и Беласица во регуларните 90 минути одиграа нерешено 1:1. По изведувањето на пенали домаќинот славеше со 5:4.

На денешнста средба ФК Охрид по подолго време ја имаше поддршката од навивачката група Рибари, која беше 12 играч на домаќинот.

Куп на Македонија резултати:
Фортуна – Силекс 0:4
Охрид – Беласица 5:4 на пенали, 1:1
Кожув – Ренова 5:6 на пенали, 3:3
Кравари – Лабуништа 1:4
Тетекс – Шкупи 1:5
Локомотива – Струга Трим Лум 1:5
Влазерими – Работнички 0:4
Превалец – Борец 0:4
Осогово – Победа 1:0
Гостивар – Шкендија 1:4
Саса – Вардар (28 август)
OhridNews