Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени, информира УХМР.

Утре во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи, и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме и со појава на град.

Во понеделник предпладне сончево, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 28 до 37 степени.

OhridNews