Трисет и третото издание на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година е дел од Светската серија на ултра маратони на ФИНА, ги оправда сите очекувања од една од најпрестижните спортски манифестации кај нас.

Дваесет и едниот маратонец колку што се појавија на стартот во Св.Наум, всушност се светскиот крем во ултра маратонското пливање. Меѓу нив беа водечките во генералниот пласман, како и актуелниот светски шампион на 25 километри Французинот Аксел Рејмонд, кој победи на денешната трка на Охридското Езеро, пред нашиот Евгениј Поп Ацев кој го презеде водството во генералниот пласман и Франческо Џетини, минатогодишниот победник.

Во женска конкуренција, победи Италијанката Аличе Франко, пред Ерика Јенсен од Аргентина и водечката во генералниот пласман Пилар Гејко.

Охридскиот маратон кој има награден фонд од 15 000 долари, се одржа во организација на Пливачката федерација, а покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски, кој им честиташе на победниците.

Фото галерија:

Г.М./Мх.П.
фото: Анамарија Момироска

Обновено+фото: Аксел Рејмонд победи на Охридскиот маратон, нашиот Поп Ацев прв на Светската табела