Убавините на Охридското Езеро се бескјрајни. Тоа го потврдува видеото што го направија младите слободни нуркачи Борис Јеневски од Скопје и Иле Маркоски од Струга, рекреативци, „Street workout“ атлети и учесници на разни европски натпревари.

-Дојдовме на идеја да нуркаме заедно и да ја снимиме целата сесија со цел да ги претставиме природните богатства од нашето Езеро. На крај материјалот испадна подобар отколку што очекувавме. – ни изјави Борис Јаневски, кој меѓу другото е и професионален акробатски пилот на параглајдер.

Како изгледаат убавините на Охридското Езеро од перспектива на Борис и Иле, погледнете го видеото.

OhridNews