Фудбалерите на Воска Спорт, ги освоија првите бодови во новата сезона од Општинската фудбалска лига победувајќи го постариот брат Воска 2002 со 5-0 (2-0) во дерби пресметката на „Грашница“.

„Белите“, високиот триумф го најавија во првиот дел кога два пати ја погодија мрежата на противникот. Во второто полувреме со нови три погодоци ја осигураа победата и првите бодови на табелата.

Денеска, на терените во охридскиот регион се играат мечевите од втората рунда од Општинската фудбалска лига.

OhridNews