На 71-то доделување на престижните телевизиски награди „Еми“, што се одржа синоќа, главната награда за најдобра серија ја освои фантастичната „Игра на тронови“. Ова е четврти пат таа да биде прогласена за најдобра серија во светот. „Игра на тронови“ имаше вкупно 32 номинации, а победи во 12, меѓу кои за најдобра споредна улога (Peter Dinklage).

„Еми“ наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Jodie Comer за улогата во „Killing Eve“, додека за најдобар машки актер беше прогласен Billy Porter од серијата „Pose“ која се емитува на „Netflix“.

За најдобра мини серија е прогласена „Чернобил“, а нејзиниот режисер Johan Renck ја освои наградата за најдобра режија.

За најдобар тв филм е прогласен „Black Mirror“.

OhridNews