Викендов во полициската станица во струшко Франгово, било пријавено дека на магистралниот пат во близина на граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници пронашле торба со марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews