Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните дека од 26.11 2019 година (вторник)  ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје  по барање на СВР  Охрид–Одделение за полиција.

Измените се однесуваат на:

  • Дел од улицата „Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители“ до пресек со ул. „Абас Емин“ каде ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока  од улицата „Абас Емин“ спрема улицата „Македонски Просветители“;
  • На делот од улицата „Македонски Просветители“ кај Пожарна ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока  кон улицата „Абас Емин “.

Се молат сите учесници  во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.

OhridNews