Охриѓанката Јана Арсовска (33), ја загуби битката со тешката болест. Нејзиното срце не ги издржа чекањето и долгите бирократски процедури за уште едно лекување во странство.

Јана пет години боледуваше од „адултна неуробластома“, детски вид на рак, кој е исклучитено редок кај возрасните.

Во тек беше голема хуманитарна кампања за собирање на потребните средства за лекување на Јана, која во земјава водеше и правна битка против здравствениот систем по одбивањето на нејзиното барање за соодветно лекување и нега на товар на државата, што предизвика силни реакции во јавноста низ чии коментари провејуваше силна критика дека во Македонија нема ниту услови, ниту протоколи за лекување на ретки заболувања како нејзиното.

OhridNews