Од викендов со работа почнува новиот супер маркет „ПРИМУС“. Најубавиот и најголем супер маркет до сега, е петти во семејството „Дон“.

Освен голем асортиман кондиторски производи по ниски цени, новиот супер маркет содржи месара, дел за продажба на играчки, како и неверојатно богат и широк избор на новогодишни подароци и пакетчиња.

Супер маркетот „ПРИМУС“ официјално ќе биде отворен во сабота, 14 декември. По тој повод купувачите ги очекуваат бројни пријатни изненадувања, промоции, дегустации и акции на производи.

Новиот супер маркет „ПРИМУС“ се наоѓа во населбата Кошишта на крајот од старата чаршија, на пресекот помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Абас Емин“.

OhridNews