Празници се ближат, а во Охрид полека се чувствува предновогодишна атмосфера. Охридските кафетерии, барови и клубови и овој викенд подготвија одлична понуда.

Забавата почнува со „afterwork party“ во Бистро Корнер, во петок, од 16.30 часот. Настапува „Камелеон“, а целото мени за храна е со попуст од 20%, додека на акција е одличното пиво „Перони“.

Наспроти Бистрото Корнер, од другата страна на булеварот во ресторанот на хотел Скај Корнер, кој од неодамна има нов, топол амбиент и ново ексклузивно француско мени со храна која ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови, во петок вечер, настапува групата „Евергрин“. Резервирајте маса, и уживајте во врвни специјалитети и одлична музика.

Дел од средствата „Скај Корнер“ во соработка со лајонс клубот „Лихнидос“ ќе ги донира во хуманитарни цели.

Во петок, 13 декември, во „Куба либре“ настапува бендот „Шајн“ на извонредниот гитарист Дамјан Пејчиноски.

Забавата почнува во 22 часот.

Во фиш & лоунџ бар „Лихнидос“, во петок, 13 декември, настапува групата „Везилка“.

Забавата почнува во 22 часот.

Оваа сабота, 14 декември,  во „Ла фабрик“ уживајте во староградска музика со ансамбл „Билјана“ и специјалитети од кујната на „Топ Бургер“.

Забавата почнува во 21 часот. Резервации на: 070 302 880. Капацитетот е ограничен.

Во Куба либре оваа сабота, 14 декември, настапува Ѓоко Танески.

Забавата почнува во 22 часот.

Во Кадмо бар, оваа сабота е ден за опуштање со „БАЛКАН ЏЕМ“ – акустик и одбрана музика од регионот. Уживањето е надополнето со одлично вино и мезе по промотивна цена.

Почеток: 22 часот. Информации и резервации: 078 288 365.

Во ресторан Лихнидос, во сабота, 14 декември, настапуваат Кико и Коки.

Забавата почнува во 22 часот.

Во ресторан „Бонанца“ викендов двојна програма. Во сабота, 14 декември, од 20 часот, вечер за уживање во извонредни специјалитети и музиката на „Премиера бенд“.

Во недела, пак, во „Бонанца“ е време за попладневно уживање покрај Охридското Езеро со маестро Никола Јосифоски и неговата музика на пијано. Дружењето почнува во 14 часот.

 

Одличната викенд понуда  на „Скај Корнер“ ја надополнува освеженото мени за неделниот речек. Оваа недела, 15 декември, на менито за ручек во „Скај Корнер“, внимателно креирано за сите сладокусци има: Крем салата, мариниран црн домат, киселен зеленчук, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка.

Ваше е само да го изберете друштвото и навреме да резервирате маса за неделниот ручек.

За настаните во популарните места во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“.

OhridNews