Ракомет, свирки во живо, гурмански специјалитети, новитети… Популарните угостителски објекти во Охрид и овој викенд подготвија извонредна понуда.

Љубителите на ракометот во „Ла Фабрик“, денеска,  петок, ќе може да уживаат во полуфиналната разврска на ЕП во ракомет за мажи и секако во одличната понуда, специјално креирана за љубителите на спортот. Како и за останата мечеви, така и за пресметките на Хрватска и Норвешка, односно, Словенија-Шпанија вечерва од 18 и 20.30 часот, Скопско пиво ќе чини само 70 денари, а комбинација 4 Скопско+даска= 600 денари.

Од креативната кујна на „Скај Корнер“, овој викенд, петок и сабота, доаѓа уште една извонредна понуда за сите сладокусци. Не поропуштајте ја можноста да уживате во вкусни специјалитети и квалитетно вино.

Петок, 24-ти јануари, со почеток во 20 часот, охридскиот Народен театар ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски. Сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.

Петок вечер во Аквариус, нова забава со одличните „Броз“.

Забавата почнува во 22.30 часот.

Во „Куба Либре“, овој петок, 24 јануари, настапува дуото „Shine“.

Забававата почнува во 22 часот.

Во сабота, 25-ти јануари, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ нова Импровокација-Постпразнична терапија. Резервации на телефонскиот број 075 283 066 (од 11 до 15 часот) или во Музичка Продавница ЗЗ ТОП.

Цена на билетите е 200 ден.

Во сабота, 25 јануари, во „Куба Либре“, настапува Ѓоко Танески.

Забавата почнува во 22 часот.

И оваа недела, 26 јануари во „Скај Корнер“, гурманите ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: Сезонска салата, Телешка супа, Свеж полнет пилешки батак (Cekin), тава ориз, Палачинка со ванила крем и јагоди.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.

За настаните од забавата, културата и спортот редовно информирајте се во рубриката Што, Кога, Каде и низ специјализираните содржини на нашиот портал.

OhridNews