Полициската истрага не е завршена, но во јавноста излегоа детали за хеликоптерската несреќа во која животот го загуби Коби Брајант, неговата ќерка Џана, две девојчиња кои играле заедно со Џана и родителите, еден од тренерите во екипата и пилотот.

Густата магла е главната причина за срушувањето на хеликоптерот. Вчера сабајле, времето не било најсјајно во Лос Анџелес и одложени биле сите летови со хеликоптер на полицијата. Приваниот хеликоптер на Коби полетал и неколку пати свртел обидувајќи се да слета на посакуваната дестинација. После неколку неуспешни обиди, хеликоптерот се кренал високо, се изгубил во маглата и директно се удрил во планината. Последиците се катастрофални по животот на девет лица кои починале на само место од несреќата.

Коби Брајант редовно патувал со хеликоптер. Тој поради долгата и пред се богата и успешна кариера имал хронични болки и неможел да седи во автомобил повеќе од два часа. Во 2010 година, Коби откри дека патувањето со хеликоптер е редовна процедура во неговиот живот.

Светот се простува од Коби Брајант. Голем број на ѕвезди со емотивни пораки се збогуваа со еден од најмаркатните кошаркари во НБА лигата. Коби освои пет шампионски титули во НБА, а два пати беше одбиран за МВП на финалните натпревари. Коби Брајант имаше 41 година.

OhridNews