Аквариус

Од 25.01.2020 - 12:00 до 09.02.2020 - 23:00

Тераса „Аквариус“ се приклучи на бројните хуманитарни активности за помош на малата Ева, на која итно и е потребна операција во странство. Со секое нарачано точено Лашко пиво донирате за Ева. Акцијата ќе трае се додека биде потребно, информираат од „Аквариус“.

Дванаесет годишната Ева боледува од тумор на мозокот. Неопходно е во февруари да замине на радио терапија во Турција, каде беше оперирана минатата година. Целиот третман во Турција чини 18.500 евра, пари кои родителите на Ева не се во можност самостојно да ги обезбедат.

Да ја покажеме нашата хуманост како и многу пати досега! Да и помогнеме на Ева да ја победи болеста!

Донирајте на следните жиро сметки:

За Македонија: 240127104572478, Уни банка-Зоран Колоски

За надвор од Македонија: IBAN:MK07240127104572478