Неправилно функционирање на цел и дел на од производот, не се затвора патентот од облеката, има откачен федер на душекот, не вртат внатрешните перки на уредот, не функционира безбедносното синџирче на сребрената алка… Ова се само дел од поплаките на потрошувашите кои стигнале до Организацијата на потрошувачи – ОПМ, која неодамна започна широка медиумска кампања за подигнување на свеста на потрошувачите за своите права.

-Доколку забележите недостаток на производот, трговецот мора да го отстрани истиот во рок од 30 дена од моментот на поднесување на вашето барање или по добивање на решение од надлежен инспекциски орган со кое е наредено трговецот да ги отстрани недостатоците во определен рок. – велат од ОПМ.

Од ОПМ им укажуваат на потрошувачите дека имаат права и по истекот на гаранцијата на производот, бидејќи тоа се производствени гаранции. За сообразност купувачот треба да се обрати на производителот, а за комерцијални права на продавачот на производот, велат од ОПМ.

-Доколку не се врши замена или е потребна поправка, добро информирајте се за сервисерите. Доколку не се исполнат вашите законски права, можете да се обратите  до Државниот пазарен инспекторат или да ги остварите правата и во судска постапка пред надлежен граѓански суд. – советува ОПМ.

 

Од Организацијата на потрошувачи уште укажуваат дека трговците имаат обврска да продаваат исправни производи. Кога ќе стават во промет неисправен производ, тие одговараат за штетата што би можеле да му ја предизвикаат на потрошувачот и на трети лица, посочуваат од ОПМ.

ОПМ ги охрабрува потрошувачите да ги пријавуваат неисправните производи кај продавачите, а доколку не бидат испочитувани нивните права, да се обратат до Организацијата на потрошувачи.

OhridNews