Членовите на Здружението на Србите од Охрид „Коштана“, денес традиционално, со пригодна свеченост во ресторанот „Белведере“, го прославија празникот Свети Сава.

Се вртеше погача, делеше пченица, а трпезата богата како и секоја година.

  • Свечено го славиме овој ден, заедно со нашите пријатели, соседи, роднини. Многу се радуваме што на оваа свеченост покрај Срби има и наши соседи, пријатели Македонци. Еве мојата сопруга е Македонка, така што со радост ги дочекуваме пријателите, а тие со големо задоволство доаѓаат, има такви кои се со нас секоја година, вели Стојмир Бараќ, член на здружението „Коштана“, кој повеќе од 50 години живее во Охрид.

Според последниот извршен попис, во Охрид живеат околу 700 припадници на српската заедница, а во здружението „Коштана“ членуваат околу 300.

OhridNews