20 000 навивачи на Лос Анџелес Лејкер во „Степлс Центар“ и уште толку пред салата, големи кошаркарски легенди и потесната фамилија беа дел од комеморацијата во чест на Коби и Џана Брајант. Легендата на „езерџиите“ и неговата ќерка починаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа заедно со уште седум други лица.

Најемотивен говор имаше сопругата на Коби Брајант, Венаса која покажа силен карактер излегувајќи на говорница и покрај голема загуба. Таа рече дека Коби и Џана биле неразделни и затоа заедно заминале во рајот.

Коби ми беше повеќе од дечко и сопруг, тој беше моја душа. Многу пати се прашував со што и како го заслужив и цел живот мој ќе се прашувам. Никој со ништо не можеше да ги раздели Коби и Џана. Кошарката ги спојуваше, ги држеше заедно многу повеќе од улогата татко и ќерка. – рече Ванеса.

На говорницата се појавија и Мајкл Џордан. Легендата на Чикаго Булс призна дека после трагичната смрт на Коби умрел дел од него.

Коби не го гледав како ривал, туку како помал брат. Сите не споредуваа, но јас ас се што сакав беше да зборувам со него бидејќи ја знаев неговата величина. Тој јасно стави до знаење дека сака да биде најдобриот кошаркари и успеа во неговата намера. – истакна Џордан.

Во чест на Коби и Џана, зборуваа уште Шекил Онил кој со неколку анегдоти успеа да ја насмее публиката, блиски пријатели на кошаркарот и претставници од колеџот каде што учеше Џана.

Коби и Џана погребани беа во тајност по барања на фамилијата пред десеттина дена.

OhridNews