СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59- годишно лице од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот во 2015 година незаконски узурпирал објект во сопственост на месната заедница на село Долно Лакочереј и притоа без дозволи за користење, закуп и градба, узурпираниот објект  бесправно го надградил.

OhridNews