Денес започна со работа новоформираниот повикувачки центар ,дел од проектот „Телефонска линија за медицински совети – Ало Докторе!”, чија цел е да се обезбедат советодавни здравствени услуги, односно консултации и упатства за граѓаните при појава на сипмтоми за кои не е неопходен итен медицински третман (главоболка, настинка, покачена телесна температура).

Телефонската линија 15-123 ќе биде достапна 7 дена во неделата, по 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на било какви симптоми на нарушување на здравјето. Воедно, докторите ќе даваат медицински консултации и совети за правилна употреба на лековите, со акцент на лековите од ОТЦ-листата кои се достапни во продажба во супермаркетите и бензинските станици.

Докторите во повикувачкиот центар од „Ало Докторе“, ќе бидат поврзани и со националниот електронски систем „МојТермин“ и ќе можат да му помогнат на пациентот со известување за следните чекори во однос на извршената телефонска консултација.

OhridNews