
ДУИ ги отфрла информациите дека преименувањето на училиштата во Чаир го спречува премиерот Никола Груевски со закана дека ќе ја раскине владината коалиција. Во ДУИ велат дека нивното учество во владата е резултат на волјата на граѓаните, изразена на демократски избори, но не објаснуваат чија волја го спречува министерот Адеми да ја потпише одлуката за преименување на училиштата во Чаир.
„Единствената волја која му го дава легитимитетот на еден политички субјект да биде во владата е волјата на суверенот, а тоа се граѓаните, изразена на слободни и демократски избори“, велат од ДУИ.
Партијата на Албанците во владата вели дека за новите имиња на училиштата во Чаир ќе ја почитува волјата на граѓаните, родителите и наставниците во тие училишта, се вели во информацијата објавена на телевизијата Алсат М.
OhridNews












