Ансамблот „Бисери“ кој функционира во рамки на  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 9-ти и на 10-ти декември ќе гостува во Голубовци, Црна Гора.

Гостувањето се реализира на покана  на Ансамблот „Зета“, кој ја претставуваше Црна Гора на овогодинешниот јубилеен  Балкански фестивал на народни песни и игри, во Охрид.

Според планираното, за време на посетата, освен  концерт, ќе се одржи и  презентација на македонската кујна и дегустација на македонски вина.

OhridNews