Сведоци сме сите ние дека ВМРО ДПМНЕ реализира огромен број капитални проекти во патната инфраструктура, а во наредниот период ќе се продолжи со уште подинамично темпо за реализиција на започнатите но и на нови проекти. Во нашата програма РЕАЛНО укажуваме и многу нови проекти за инфрастуктурата, за реконтрукција и изградба на локални патишта за градот Охрид кој се од големо значење за нашите граѓани, истакна на прес конференција кандидатот за пратеник во 5-та Изборна единица од ВМРО ДПМНЕ Д-р Љубен Арнаудов.
„ВМРО ДПМНЕ изминативе години започна инвестициски циклус во делот на патнта инфраструктира, се спроведоја голем број реформи и услуги со што се олесни функционирањето на транспортниот систем.Исто така се работеше на збогатување на туристичката понуда, се со цел да се подигне квалитетот на живеење на граѓаните. Во делот на патната инфраструктура во градот Охрид предвидени се многу проекти:
Предвидена е реконструкција на патот с.Лескоец-с.Долно Лакочереј-с.Горно Лакочереј во должина од 4,6 км.
Исто таказначаен проект е реконструкцијата на локален пат во Рача во вредност од скоро 4 милиони денари.
Како еден од позначајните проекти за градот Охрид е изградбата на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 км. Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во Галичкиот предел,посебно во летниот период .
ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализација на планираните проекти кој се во насока на зајакнување на инфраструктурата во Република Македонија.Како и претходните години, мотивирани и посветени ќе продолжимеда работиме за потребите на граѓаните да ја направиме нашата земја поквалитетно место за живеење, затоа ја добиваме подршката од граѓаните сите овие години и несомнено ќе ја добиеме и на 11 декември.“ – рече Арнаудов.
OhridNews