Човечко невнимение е причината за големиот пожарот кој ги проголта трошните куќи на две струшки семејства. Според информациите од Противпожарната единица од Струга, во големиот пожар кој избувнал вчера-наутро, целосно изгореле бараките на семејствата Абазоски и Сулејманови.

– Вчера околу 3 часот и 15 минути во нашата противпожарна единица бил пријавен пожар на улицата “Црн Дрим“ во Струга. По пријавата на терен излегоа три противпожарни возила, екипирани со шест пожарникари, кои за брзо време го локализирале пожарот кој зафатил две дрвени куќи во кои живееле луѓе и две дрвени шупи кои биле како помошни простории за чување дрва –
рече Урим Каба, Командир на Противпожарната единица во Струга.

Тој нагласи дека со брзата интервенција и присебноста на пожарникарите било спречено понатамошното ширење на огнот и биле заштитени останатите бараки во Ромската населба.

OhridNews