Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 20-ти август, од 08:00 до 12:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на улиците „Сртушки Кепенци“, „ЈНА“, „Караорман“, „Скопска“ и „1-ви Мај“, како и во Основен Суд во Струга.
Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
OhridNews













