Здружението за заштита на животни „Анималиа“, во обид за намалување на бројката на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивното патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, врши објава на кученца и маченца кои се спремни за вдомување. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити. И сите трпат промена на името. Иако ова денес што ќе го објавиме нема сеуште именце бидејќи тазе го згриживме.

Пол: женски
Старост: 3 месеци
Состојба: вакцинирано

Ова кученце го најдовме како уплашено шетка на сред улица, изложувајќи се на ризикот да биде прегазено од некоја кола. Што да прави кутрото, малечко е, некој нечовек го исфрлил на улица како тоа предмет да исфрла, а не живо битие. Добро е што дента вдомивме едно кученце, па се ослободи местенце за да можеме да го згрижиме душенцево, во спротивно стварно не знаевме што друго можевме да направиме. Моменце е и е многу интересно карактер. Ептен мило и жедно за галење. На оној што ќе го вдоми му ветуваме гратис стерилизација од нам штом ги наполни месеците неопходни за тој ветеринарен зафат. И до дома би му го доставиле, само да рече да за душенцево.

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни порака на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пратете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566. 

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје

Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!

Повеќе инфо за Анималиа и животинките кои бараат домче на следниот линк: https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid

OhridNews