Чувствувајќи морална одговорност за состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро, советникот Дејан Блажески, ги повикува останатите советници, без оглед на политичката припадност, да поведат постапка за откривање на чинителите и лоцирање на одговорноста, како и да се упати заедничко барање за поголема агилност од институциите на централно ниво задолжени за езерото.
Предлага брзо откривање на виновниците и граѓанска непослушност кон компанијата и институциите што се одговорни за ваквата состојба.
– Второ, заедничка одлука на Советот на Општина Охрид, со што би ги блокирале сите барања од надлежните министерства, до решавање на проблемот. Ги повикувам сите припадници на урбаната мафија која години гради и узурпира, да ги потегне токму оние релации во институциите од кои преку ноќ добиваат дозволи за градба – како сериозно засегнати од повлекувањето на езерото и губењето на вредноста на нивното досегашно дивеење. Состојбата со езерото е над политиката и барам сите кои сме припадници на политичките партии да соработуваме во заштитата, вели советникот Блажески.
Смета дека е нужно да се радикализира пристапот, поради тоа што сите други обиди не вродиле со плод.
Блажески потенцира дека граѓаните на Охрид е неопходно да извршат притисок до наведените институции со една единствена цел-ургентност во решавање на проблемот.
OhridNews