Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку предновогодишни живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Вечерва  во клубот „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе настапи „Blueberry Band“. Бендот го сочинуваат: Каролина Турикашевска – вокал, Оливер Китаноски – гитара, Ненад Мургоски – пиано и Марјан Перески – тапани. Забавата започнува во 22 часот.

Во сабота во „Kadmo Bar“ за добрата забава ќе се погрижат DJ Jane и DJ Ecko. Во рамки на забавата ќе има промоција на ABSOLUT VODKA со вкусови. Почеток во 22 часот.

За саботната забава во „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе бидат задолжени „Iguana band“. Бендот го сочинуваат: Тања Димова Трајанова – вокал, Александар Трајанов  – гитара, Горан Гешовски – бас и Сашо Стојановски – тапани. Почеток на забавата e во 22 часот.

Како и секоја сабота така и оваа во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ ќе има незаборавна забава со DJ GEC. Старт 22 часот.

Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети вечерва и утревечер ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. Почеток на забавата е во 20 часот.

Забави со староградска музика во периодот од 23-ти декември до 10-ти јануари ќе се организираат и во „KADMO LOUNGE BAR“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews