Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека повторно се расчистува речното корито на „Грашница” на потегот од „Ливница” и по улицата „Прилепска”.

– Само околу еден месец откако коритото на реката „Грашница” беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за „Јавна хигиена” на „Ј.П. Охридски Комуналец”, повторно се случува да се фрла отпад од жители кои гравитираат во околината,велат од претпријатието.

Оттаму апелираат до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито, како поради еколошки причини така и поради надоаѓањето на водата при што може да се создадат низа проблеми.

OhridNews