Од ЈП Охридски комуналец информираат дека со почетокот на грејната сезона зачестија и проблемите поради депонираните недогорени остатоци во контејнерите, кои потоа често пати предизвикуваат запалување на останатиот отпад.

 Од јавното претпријатие потсетуваат дека од недогорени остатоци од отпад минатата година се запали и беше оштетено едно специјално возило на Јп Комуналец, наменето за подигање отпад.

– Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани, велат од претпријатието.

OhridNews