Македонскиот претставник на „Евросонг“ 2015 Даниел Кајмакоски, ја разубавува својата насмевка во познатиот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ во Охрид. Популарниот Даниел грижата за оралното здравје ја довери на Д-р Небојша Баткоски и лекарскиот тим на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“, во чиј склоп работи ординацијата „Д-р Баткоски“, каде се применуваат најсовремени стоматолошки методи.

Најдоброто од Македонија на музички план, заслужува исклучително внимание, велат од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

-Ние ќе се потрудиме Даниел да добие најдобра здравствена нега, а тој со својот уметнички талент, шарм и се разбира убавата насмевка, ќе ја освои публиката на Евросонгот.-изјави Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.


Даниел Кајмакоски и Д-р Небојша Баткоски

Нашиот адут на „Евросонг“, победникот на првата сезона на регионалното музичко шоу „X Factor“, Даниел Кајмакоски, вели дека убавата насмевка позитивно влијае на самодовербата.

-Пресреќен сум и благодарен што препуштив „Д-р Баткоски“ да се погрижат за мојата насмевка. Ова ќе ја зголеми мојата самодоверба на евровизиската сцена и претставување пред нова публика.-изјави Кајмакоски.

Даниел Кајмакоски на „Евросонг“, кој годинава ќе се одржи во Виена, Австрија, ќе ја изведе песната „Лисја есенски“ („Autmn leaves“), за која неодамна беше снимен видео спот.

Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер како 8-ми натпреваруварувач. Во периодот кој претстои, тој и македонскиот евровизиски тим ќе ја промовираат „Лисја есенски“ ширум Европа. Песната која има модерен аранжман, веќе има позитивни критики од меѓународната стручна јавност и публиката и се очекува високо да котира на Евросонгот во Виена каде нашиот Даниел , кој инаку по потекло е од Струшко, ќе се чувствува како дома, бидејќи тој од седумгодишна возраст со своето семејство живее во престолнината на Австрија.

OhridNews
Фото: Стојан Стојаноски
„2S photography“