Манчестер Сити испиша нова страница во својата историја откако за прв пат обезбеди пласман во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ со 1-0 славеа пред своите гледачи и со вкупни 3-2 го елиминираа Пари Сент Жермен.
– Чувството е прекрасно, одигравме голем натпревар. Целосно го неутрализиравме ПСЖ и заслужено поминавме понатаму. Сега, кога сме во 1/2 финалето се е можно. – рече стрелецот на погодокот вреден полуфинале, Кевин де Брујин.
Голема заслуга за пласман меѓу четирите најдобри имаше капитенот и голманот Џо Харт кој одбрани неколку добри удар на Етихад. – Ноќ за паметење. Жестоко трениравме и се боревме за ова. Секоја чест за ПСЖ, одигравме фантастичен двомеч.
Со пласманот во 1/2 финалето „граѓаните“ го обелија образот на премиерлигашите кои имаа беззначајна епизода сезонава во ЛШ.
OhridNews