Утрово повторно проблем на дел од водоводната линија за Лескоец. Дел од улицата 15 Корпус кај Гумно, извесен период беше под вода.

Од ЈП Водовод Охрид информираат дека екипи на претпријатието веднаш интервенирале на посочената локација и дефектот веќе треба да е саниран.

Локалните жители, пак, се жалат на постојани дефекти на оваа водоводна линија. Велат се работи за стара инсталација на која само оваа година биле санирани десеттици дефекти. Додаваат дека се санираат дефектите, но повторно се појавуваат нови.

Од ЈП Водовод Охрид потврдуваат дека се работи за стара инсталација, но проблем гледаат и во однесувањето на граѓаните.

Дефекти се случуваат бидејќи се стари цевките, а бидејќи има и многу диви приклучоци намален е и притисокот на вода. Прекин во водоснабдувањето имаше поради интервенција за отстранување на дефектот, изјавија кусо од ЈП Водовод Охрид.

OhridNews