Во Струга, на улица „Црн Дрим“, вчера околу 22 часот, сопружници и мајка на сопругот, во својот дом, физички биле нападнати од едно познато и околу десетина други непознати лица.

Додека семејството, заедно со четирите деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. Жената отишла да ја отвори вратата каде стоело едно од лицата заедно со останатите, засега непознати лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент  лицето кое тропало на врата без повод и причина ја удрил жената со шамар и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале сопругот и свекрвата.

По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде едно од лицата со метална шипка го удрил сопругот во пределот на главата кој паднал во безсознание. Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews