Младиот канадски пејач Џастин Бибер бил на кратко хоспитализиран при снимањето на епизода од серијата „Место на злосторството“, било објавено на сајтовите кои го пратат шоу бизнисот.


Бибер во средата поради алергија отишол во болницата во Бербенк, Калифорнија, но набрзо бил пуштен и во четвртокот повторно бил на снимање. Поради алергиска реакција имал проблеми со дишењето, а во болницата бил задржан само неколку часа, изјавил неговиот лекар.