И оваа Нова година на брегот на Охридското Езеро се очекуваат голем број туристи од Србија. Особено интересен Охрид им е на младите, велат од белградската агенција „Go2 Travelling“, која веќе некоку години реализира аранжмани за новогодишните празници во најголемиот македонски туристички центар. 

-Секоја Нова година во Охрид носиме по околу 600 туристи, во најголем дел средношколци и студенти, кои отседнуваат во приватни вили, но и во хотели. Најмногу им се допаѓа забавата во Охрид и ноќниот живот, но и гостопримството на охриѓани, добрата храна и пристапните цени.-велат oд српската агенција.

На младите туристи од Србија, покрај дочекот на Нова Година им се нудат две вечерни и две денски журки. Според најавите и оваа Нова година Охрид ќе биде атрактивен за младите туристи од Србија.

OhridNews