Две лица, кои се меѓу повредените во вчерашната сообраќајна незгода кај селото Песочан кои се здобиле со тешки телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, информираат од СВР Охрид.Тоа се во Ц.В. роден 1995 година во село Палчиште- тетовско, возачот на патничкото возило Опел Корса со тетовски регистарски таблици и сопатникот во Шкодата Фелиција со охридски регистарски таблици, М.М. од САД Њу Џерси.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила и  М.Б. родена 1990 од Корошишта, сопатник во Шкодата, Л.М. родена 2006 од Њу Џерси сопатник во Шкодата и Џ.Д. роден 1993 од Симичани- тетовско, сопатник во возилото Опел Корса.

Со лесни телесни повреди се здобиле П.Б. роден 1991 од Короишта возач на возилото Шкода Фелициа, А.Б. 2014 од КороиШта сопатник во Шкодата и С.С. роден 1987 од Жеровјани- тетовско., сопатник во возилото Опел Корса.

Тешката сообраќајна незгода се случи вчера попладне,  на магистралниот пат Охрид-Кичево помеѓу Ново село и селото Песочан. До несреќата дошло кога патничко возило Шкода Фелиција со охридски регистарски таблички кое се движело во правец од Кичево кон Охрид се излизгало, скршнало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со возило Опел Корса со тетовски регистарски таблички,  кое се движело во спротивен правец.

OhridNews