Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР, приведоа две лица во врска со вчерашната лажна дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје. Приведени се две лица на возраст од 19 години, за кои по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, во попладневните часови по дојава за поставена бомба беше евакуиран трговскиот центар Цити Мол во Скопје, по што специјалните екипи при МВР детално го прегледуваа целиот објект.