Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против две лица од Либражд, Република Албанија.Пријавените, тешките кражби ги извршиле на дваесетти и дваесет и втори овој месец во маркети во Струга.

– Првата тешка кражба ја извршиле во маркет лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ околу 03 часот и 30 минути. Со камен едното лице го скршило стаклото од излогот, направило отвор по што другото лице влегло во внатрешноста, извршило пребарување и од двете каси противправно одзело  20.000,оо денари.На дваесет и втори декември околу 03 часот, двајцата пријавени со камен го скршиле стаклото во продавницата за колонијал лоцирана на улица „Маршал Тито“. Веднаш почнале со пребарување помеѓу рафтовите одземајќи десет кутии цигари „Марлборо“, а потоа противправно од двете метални каси одзеле околу 4.000 денари во разни апоени,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Веднаш по оваа кражба,лицата се упатиле кон улицата „Партизанска“ каде на истиот начин-со кршење на излогот со бехатон плочка се обиделе да влезат во друга продавница.Во намерата да влезат, сепак не успеале,односно не го довршиле започнатото кривично дело бидејќи биле забележани од сопствениците по што веднаш избегале.      

OhridNews