Две деца, на возраст од 4 и 7 години, кои доцна синоќа беа најдени заклучени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче, по прегледот од лекарите, утврдено е дека  се во стабилна здравствена состојба и веќе се сместени во згрижувачко семејство.

Братчето (4) и сестричката (7) се пронајдени во автомобил на паркиралиште во скопската населба Ново Лисиче, од страна на минувачи синоќа околу 22:00 часот. Набрзо била повикана полиција која ги скршила стаклата на колата и децата ги пренеле на клиника.

Следниве денови ќе се одлучува за евентуално одземање на родителско право.Засега, нема официјални информации каде биле родителите додека децата биле заклучени во автомобилот.