Државниот завод за статистика со предлаг пописот да се одржи во април 2021 година, а Законот за попис да биде донесен пред формирање на техничка влада. Од таму велат дека согласно меѓународната пракса, активностите за попис и за избори не можат да се одвиваат паралелно, имајќи предвид дека се закажани предвремени парламентарни избори за април, следната година.

Првично беше предвидено пописот да се одржи на 1 април 2020 година, но поради вонредните избори од Заводот изјавија дека нема да биде можно да се спроведе во тек на изборна кампања. Пописот е предвидено да чини 8,5 милиони евра и да се спроведе по електронски пат и со теренско попишување.