Утре, 23 септември,  со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО, информира кабинетот на Претседателот.

OhridNews